Рускиот тенисер Данил Медведев, имаше кусо и интересно обраќање пред стартот на мастерс турнирот во Монте Карло. Русинот е втор носител на овој турнир, пред Надал, а медиумите ги интересираше неговото чувство во оваа улога.

  • Видите, тоа се само правила и на кракот на краиштата тоа не мора да биде од пресудно значење. На вакви турнири морате да победите многу добри играчи за да дојдете до самата завршница. Во последните две години успеав да напредувам на земјена подлога, особено тука во Монте Карло, но се уште мечот кој сите го очекуваат е мешу Надал и Ѓоковиќ, иако не сум свеесен во кој дек од ждребот е Надал во однос на Новак. Ждрепката би можела да влијае на тоа тие двајц да се сретнат во „финале пред финале“, откри Медведев.

Најголем интерес побуди неговиот одговор на прашањето за померувањето на Ролан Гарос за една недела поради пандемијата со коронавирусот.

  • Искрено, бев многу изненаден – пред се заради одлуката на Владата на Франција да интервенира на ваков начин. Мислам дека одлуката е смешна, бидејќи во ваква општа ситуација нереално е да се очекува дека состојбата со вирусот ќе се промени за тие неколку дена. Ако го померите одржувањето на турнирот за недела дена, дали треба да се очекува дека короната ќе исчезне за таа недела. Едноставно, ниру Федерацијата, ниту Владата не се дволно компетентни да одлучуваат за тоа, а кога во предвид ќе се земат уште бројните правила, работите стануваат уште покомплицирани. Мене како на играч ми одговара поместувањето на турнирот, бидејќи ќр имама уште една недела за подобро да се подготвам. Ќе биде интересно да се види како ќе влијае ова поместување на сезоната на трева, бидејќи ако дојдете до завршната фаза на Ролан Гарос, значително ќе бидат скратени подготовките за Вимблдон. Никогаш не е лесно да се игра само на еден турнир во текот на сезоната на трева, заврши Русинот.