Коронавирусот се шири во Премиерлигата

58

Вкупно 18 фудбалери во Премиерлигата се позитивни на коронавирус, покажуваат резултатите од најновите тестирања извршени во периодот од 21 до 27 декември. Челниците на англиската Премиер лига потврдија дека вкупно биле тестирани 1.479 фудбалери и дека сите 18 играчи кои се заразени со Ковид-19 се во изолација.

Натпреварот меѓу Евертон и Манчестер Сити, што требаше да се игра во понеделникот, беше откажан поради неколкумина позитивни фудбалери на коронавирус во редовите на Сити. Англиските медиуми открија дека позитивни на смртоносниот вирус биле офанзивниот бек Кајл Вокер, бразилскиот интернационалец Габриел Жезус, како и уште две лица кои се дел од стручниот тим на „граѓаните“.

Тоа е втор натпревар сезонава одложен поради коронавирус по мечот на почетокот од овој месец меѓу Астон Вила и Њукасл.