Плејмејкерот на кошаркарскиот клуб Работнички, Демиер Питс, е позитивен на коронавирус, објави клубот од „Градски парк“.

  • Би сакале да ја информираме јавноста дека американскиот плејмејкер Демиер Питс, кој неодамна ја продолжи соработката со КК Работнички е позитивен на вирусот ковид-19. Кај Питс е евидентиран позитивен тест, по направените редовни контролни тестирања од страна на раководството на КК Работнички. Тестирани се и останатите играчи, каде што тестовите се негативни на вирусот ковид-19. До добивање на епидемиолошка проценка на ризикот и насоки за понатамошно постапување, Американецот Демиер Питс останува во изолација. Му посакувам брзо закрепнување на Демиер Питс и враќање во тимот со останатите соиграчи, изјави директорот на Работнички, Ненад Павловски.

Работнички во 1. коло од новото првенство ќе игра со МЗТ Скопје.