Животот на поранешната НБА ѕвезда, Ламар Одом, без никакви проблеми може да биде сценарио за филм.

Поранешниот кошаркар на Лос Анџелес Лејкерс мина низ неверојатен животен пекол, а за се виновни се алкохолот и дрогата, кои Одом ги користел во прекумерна количина.

Пред четири години беше на работ на смртта, а претрпе и 12 мозочни и шест срцеви удари. Поради тоа, барем како што изјави, се откажа од пороците, но затоа секојдневно открива приказни со кои ја шокира јавноста.

Според последната негова изјава, дрога користел и во најдобрите денови од играчката кариера, а во 2004 година беше член и на репрезентацијата на САД на Олимписките игри во Атина, каде го освои бронзениот медал. За да го мине допинг тестирањето, користел лажен пенис и така успеал да ја измами комисијата.

  • По опширното истражување најдовме и нарачавме лажен пенис црна боја и тој ни пристигна по пошта. Така ги измамив луѓето од комисија, бидејќи од ногавица наместо мојот го извадив лажниот пенис и го притискав за да излезе течност од него, која внатре ја ставил еден од челниците во НБА лигата. Мислевме на се во тие моменти, користевме термометар се со цел да се постигне одредена температура за урината за да не нè фатат. Инаку, немаше шанси да го поминам тестот поинаку, бидејќи тоа лето постојано пушев марихуана. Мораше на интернет да најдам начин како да ја измамам антидопинг агенцијата за да го минам тестот, истакна Одом.

Инаку, Ламар во 2015 година беше пронајден предозиран во бордел во близина на Лас Вегас по неколку дена константен секс со проститутки и користење на дрога.