Кенискиот атлетичар Емануел Кипкуруи Корир го освои златниот во трката на 800 метри на Олимписките игри во Токио, истрчувајќи ја патеката со време од 1.45:06 минути. Корир на Кенија и го донесе првиот златен медал на Игрите во Токио и воедно четврто олимписко злато во серија на трките на 800 метри.

Сребрениот медал го освои сонародникот на Корир, Фергусон Черијот Ротичи (1.45:23), додека бронзениот медал му припадна на Полјакот Патрик Добек (1.45:39).

Тројцата атлетичари, кои се искачија на победничкиот за прв пат во своите кариери се закитија со олимписки медали.