Само неколку дена откако се огласи сопругата на легендарниот пилот во Формула 1, Михаел Шумахер, Корина, се појави ново интервју кои целосно ја збуни јавноста.

Имено, поранешниот менаџер на легендарниот германски возач, Вили Вебер, откри дека Корина ја крие вистината за Шумахер цели шест години откако се случи кобната несреќа.

Седумкратниот шампион во 2013 година доживеа тешка повреда на главата при скијање на француските Алпи и од тогаш за него се грижат болничари 24 часа на ден, на неговиот имот во Женева.

Неговиот поранешен пријател Вили Вебер верува дека не е сè како што изгледа, а воедно му е забрането да оди во посета кај Шуми, бидејќи Корина на секој начин се обидува да не се дознае вистината за состојбата на Германецот.

  • Знам дека Шумахер е лошо, но за жал не знам каков е неговиот напредок. Корина ме спречи да го видам. Веројатно се плаши дека ќе видам што се се случува и дека ќе ја откријам вистината. Верувам дека еден ден тој ќе се рехабилитира, знам дека тој е голем борец. Ако постои можност да се спаси, ова можеби не е крајот. Се молам за него и сигурен сум дека повторно ќе се видиме, истакна Вебер.

Шумахер три месеци мина во кома, а се чини дека неговата ситуација полека се стабилизира. Тој во јануари годинава за својот 50. роденден беше пренесен во неговиот дом во Мајорка. Инаку, неодамна исто така беше на лекување во Париз.