За два дена ќе поминат точно шест години од тешката несреќа со која се здоби легенданиот Формула 1 возач, Михаел Шумахер, на скијањето на француските алпи. Во таа несреќа Германецот доживеа тешка повреда на главата. Одредено време мина во кома, а за неговата здравствена состојба речиси и ништо не се знае. Додека од сите страни доаѓаат приказни за легендарниот возач, неговата сопруга Корина се огласи во една од групите за поддршка на Шуми.

  • Големите работи почнуваат со мали чекори. Малите делчиња можат да направат голем мозаик, стои во тајната порака која ја испрати Корина за фановите во една затворена група.

Многумина помислија дека Корина со оваа порака сака да каже дека Михаел полека се рехабилитира, но официјален и конкретен став околу состојбата на Шумахер се уште нема.