Кореа сака само во Интер

38

Актуелниот шампион на Италија, тимот на Интер, ќе биде следната дестинација на аргентинскиот интернационалец од редовите на римскиот калчолигаш Лацио, Жоакин Кореа. Младиот напаѓач е дефиниран како достојна замена за белгискиот интернационалец, Ромелу Лукаку кој за 115 мил. евра беше продаден на лондонскиот премиерлигаш Челзи. И спортскиот директор на Лацио, Игли Таре, потврди дека Кореа најверојатно ќе заврши во редовите на Интер.