Кореа е (не)реална желба

117

Аргентинскиот интернационалец од редовите на Атлетико (М), Анхел Кореа, е најновата желба на раководните лица на италијанскиот калчо гигант Милан.

Поради скромната минутажа која ја имаше во изминатата сезона, брзоногиот напаѓач сака да ја промени средината за време на летниот преоден рок, а италијанските медиуми открија дека Кореа веќе има дадено зелено светло за преселба на „Сан Сиро“.

Сепак, неговиот трансфер е под знак прашалник поради побараното обесштетување од 55 мил. евра.