Кора од портокал – пет совршени идеи како да ја искористите

177

Повеќето луѓе ја фрлаат кората од портокалот, но ќе се уверите дека тоа е голема грешка, откако ќе дознаете што сè може да направите со неа откако ќе го изедете портокалот.

Исчистете ја рерната

Откако ќе ја исчистите рерната во неа може да остане непријатен мирис. Ослободете се од тоа така што ќе ставите кора од портокал и ќе ја вклучите рерната на 180 степени. Оставете ја половина час. Не само што рерната ќе мириса свежо, туку тоа ќе се чувствува и во целата кујна.

Отстранете го непријатниот мирис од чевлите

Ако ве мачи непријатниот мирис на чевлите ставете во нив кора од портокал и оставете ја да постои. Кога ќе се впие влагата, ќе остави свеж и пријатен мирис.

Освежете го фрижидерот

Еден од најдобрите начини за да се ослободите од непријатниот мирис од фрижидерот е кора од портокал. Посолете ја кората и ставете ја во фрижидерот каде што е вентилацијата. Ако се намокри, заменете ја со друга.

Освежувач за простории

Особено зимно време, кога имате вклучено парно, печка или шпорет на дрва, откако ќе го излупите портокалот, не ја фрлајте кората, туку наредете ја на грејната површина каде ќе почне да се суши, а при тоа и ќе ослободува сладок и пријатен мирис низ целиот простор. Не ви се потребни хемиски освежувачи, кога можете да искористите некој природен како портокалот.

Направете свеќа

Додека е портокалот цел, кората извадете ја со нож точно по средината. Потоа едната половина на кората одвојте ја од плодот како една целина, внимавајќи белата кожичка да остане на неа за да послужи како фитил. Во кората додајте маслиново масло.