Славниот режисер Френсис Форд Копола рекол дека се чувствува лошо, затоа што неговиот култен филм „Кум“ му бил омилен филм на британскиот премиер Борис Џонсон.

Копола нагласил дека Џонсон на тој начин им се придружил на „некои од најсуровите личности од модерната историја како Садам Хусеин и Гадафи“, на кои „Кум“ исто така им бил омилен филм.

„Се чувствувам лошо што сцените од гангстерскиот филм можат да инспирираат некаква акција во вистинскиот живот, а особено некој што го гледам како ја води Велика Британија во пропаст“, навел режисерот.

Копола додал дека Џонсон е на работ да го уништи Обединетото Кралство со Брегзит.