Глобалната пандемија го промени светот, а се промени и перцепцијата за тоа што значи безбеден. А тоа е најважната работа кога се решаваме која дестинација да ја одбереме. Од таму разбирлив е потресот на врвот на индексот за безбедни градови на (SCI) EconomistIntelligenceUnit, кој рангира 60 меѓународни дестинации според за безбедноста, здравствена заштита, инфраструктурата, личната безбедност и животната средина, пишува Си-ен-ен.

Азиските градови како Токио, Сингапур и Осака постојано го заземаа првото место, а сега европската дестинација Копенхаген ја зазема позицијата број еден за 2021 година.

Копенхаген за првпат е прогласен за најбезбеден град во светот, постигнувајќи 82,4 поени од 100 во годишниот извештај.

 

 

Главниот град на Данска скокна од осмото место во 2019 година на врвот на листата, главно благодарение на воведувањето на делот за екологија во која градот постигна особено добри резултати, заедно со личната заштита.

„Еден од клучните фактори што го прават Копенхаген толку безбеден град е неговата ниска стапка на криминал која во моментов е на најниско ниво во повеќе од една деценија“, вели Ларс Вајс, градоначалник на Копенхаген.

Копенхаген, исто така, се карактеризира со голема социјална кохезија и релативно мал јаз во богатството. Тоа е мешан град каде што и чистачката и извршниот директор се среќаваат во локален супермаркет и имаат деца во истото училиште.

Канадскиот Торонто го освои второто место со 82,2 поени, додека Сингапур е трет со 80,7 поени.

Иако Сиднеј го зазеде четвртото место, со 80,1 поени, австралискиот град беше на врвот во категоријата за дигитална безбедност, додека на победникот во 2019 година Токио му беа доделени 80,0 поени, со што јапонскиот град беше на петто место.

Торонто и Копенхаген се забележително подобри во новата област за безбедност- животната средина отколку кој било од трите водечки градови од претходните години.Холандскиот Амстердам беше шести со 79,3 поени, додека новозеландски Велингтон го зазеде седмото место со 79,0 поени и беше генерален лидер во категоријата екологија.

Азиско-пацифичките градови Хонгконг и Мелбурн го освоија заедничкото осмо место откако освоија по 78,6 поени, додека шведскиот Стокхолм заврши во првите 10 со 78,0 поени.