Кон средината на февруари: “Кредит” нова претстава во Велешкиот театар

43

“Кредит” е насловот на новата претстава во Велешкиот театар чија премиера се очекува кон средината на февруари. Во тек се подготовките за претставата, а според режисерот Витанов, станува збор за дуодрама, направена во жанрот на комедија во која се претставени згоди и незгоди при земање кредит од банка.

Претставата е по текст на Жорби Галсеран, а во режија на Ненад Витанов. Сценографијата е на Филип Коруновски.

Во претставата ќе настапат актерите Жарко Спасовски и Фаик Мефаиловски.