Концерт на пијанистот Кемал Гекиќ во Охрид

43

Во црквата „Св. Софија“ во Охрид во рамките на „Охридско лето“, на 10 август концерт ќе одржи пијанистот Кемал Гекиќ од САД. Во рамките на програмата ќе бидат изведени делата на композиторите Бетовен, Шопен, Ален и Лист.

Пијанистот Кемал Гекиќ по потекло од Сплит, настапува низ целиот свет изведувајќи широк репертоар на кој секогаш му дава фасцинантен личен печат. Настапува како солист на рецитали или со оркестри. Има снимено 15 солистички албуми, а за неговиот албум со транскрипции на Росини и Лист ја добива наградата „Розета“ која ја доделува „Пингвин“ водичот за музика, додека пак неговата интерпретација на „Трансцеденталните етиди“ исто така од Лист снимени за Џеј-Ви-Си се смета за една од најрелевантните снимки на овој циклус на сите времиња.  Номиниран е за наградата „Греми“ за снимката на Концертот „Герника“ од Фредрик Кауфман, дело кое е нарачано и специјално пишувано за него.