Концерт на оргули по повод Денот на државноста на Хрватска

241

Солистички концерт на оргули ќе се одржи вечер од 19:30 часот во католичката катедрала „Пресвето срце Исусово“ во Скопје, во организација на Заедницата на Хрватите во Република Северна Македонија (ЗХРСМ) по повод 30 Мај – Денот на државноста на Република Хрватска.

Солист на концертот ќе биде проф. д-р Марио Пензар, истакнат хрватски оргулист од Музичката академија во Загреб. Во првиот дел од концертот ќе има репертоар од барокот и изведба на дела од  Зиполи и  Бах, а вториот дел ќе биде посветен на дела од белгискиот композитор Ф. Питерс, еден од најзначајните композитори за оргули во 20 век.

-Публиката ќе се запознае со главните дела напишани за оргули во изминатите пет века, со презентација на хрватското музичко наследство, што ја докажува хрватската припадност кон европскиот културен круг и богатото културно наследство кое Хрватска успеа да го зачува и покрај нејзината бурна историја, соопшти ЗХРСМ.