Концерт на Калиопи во Велешкиот театар

40

По многубројните концерти во регионот, а на покана од Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ од Велес, Калиопи подготвува вистинско музичко доживување за македонската публика.

Концертот ќе се одржи на 26. ноември 2022 година, на големата сцена „Петре Прличко“, со почеток во 20.00 часот.

Влезниците се во продажба на билетарницата на театарот.