Концерт на „Ендемски вид“ во Неготино

58

Музичкиот бенд „Ендемски вид“ синоќа одржа концерт во неготинскиот културен центар ,,Ацо Ѓорчев”, на кој промовираше авторски материјал, а се претстави и со репертоарски избор на познати хитови.

– Тука сме за сите љубители на алтернативната музика, слободната уметност, непредвидливиот микс на лабавизми и тензии, добри бас линии и другарски, но сепак натпреварувачки хармонии, изјави тапанарот Мавијан Хаџи Мустафов.

Задоволство од настапот изразија и останатите членови на бендот – бас гитара и вокали Ѓеорѓе Станоев, гитара и вокали Даниел Димитров и Димитар Илиев.

„Насмевки лажни, солзи лажни“, се само дел од стиховите во една од нивните авторски песни.

– Секој од нас дојде со различни пристапи кон музиката, различни стилови, фаворизирани жанрови. Никој од нас не сакаше да го наметне својот стил. Напротив, го прилагоди кон стиловите на другите. Песните, освен музика, носат и приказни. Пораката е, да ги прифатиме другите, такви какви што се, нагласија од ,,Ендемски вид”.

Бендот вечерва ќе настапи на „Ексцес“ фестивалот во Струмица.