Класичното камерно дуо „Екс Македоникум“, на 27 септември, со почеток во 19 часот ќе одржи концерт во ДМУЦ „Сергеј Михајлов“ во Штип.

На 28 септември, пак, со почеток во 19 часот, дуото ќе настапи во Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица.

На програмата е репертоар од периодот на романтизмот, односно Сонатата за пијано и виолончело „Арпеџоне“ од Ф. Шуберт, Фантастични парчиња оп.73 од Р. Шуман, како и „Медитација“ од Ж. Масне.

Дуото „Екс Македоникум“ е формирано во 2021 година и го сочинуваат Драган Гоневски, на виолончело и Димитар Ганчевски, на пијано. По успешните настапи во Гевгелија, Скопје, Прилеп и Битола, дуото продолжува со настапи во Штип и Струмица.

Влезот за концертот е слободен.