КОНЦЕРТ ВО МКЦ: Волшебни звуци на гитара, шаркија, мандолина…

224

Во Кино Фросина вечерва во 21 часот концерт ќе одржи Мухамед Ибрахими,

волшебна појава на македонската музичка сцена. Виртуоз и извонреден музичар, кој својата публика редовно ја остава без здив и со подзината уста.

Гитара, шаркија, мандолина… Тоа е светото тројство за Ибрахими, инструментариум на кој му нема рамен во земјава, а можеби и пошироко.

По извонредно успешниот прв албум Fly (PMG Recordings, 2014), чиј два пати печатен тираж е одамна распродаден. Кон крајот на минатата, 2018 година, тој го издаде вториот албум Devotion.

На слушачката промоција отиде целиот прв тираж од ова фантастично ЦД, а за концертната промоција што ќе се случи вечерва, ќе се печати втор тираж од ЦД-то.