Конференција MED5 во Атина за мигрантско прашање со учество на Грција, Шпанија, Италија, Кипар и Малта

27

Мигрантското прашање и можноста за создавање заеднички позиции и предлози се главните теми на денешната конференција MED5 во Атина на која учествуваат надлежните министри за миграција од  Шпанија, Италија, Кипар, Малта и домаќинот Грција, односно петте медитерански земји од ЕУ што се во првите редови во однос на мигрантските бранови, јави дописничката на МИА од Атина.

Во текот на денот, министрите ќе одржат работни состаноци со потпретседателот на Европската Комисија Маргаритис Схинас и со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис.

-Време е солидарноста во мигратското прашање да се покаже на дело, време е предлогот на Европската Комисија да стане одлука, рече Схинас пред почеток на конференцијата.