Конференција „Потенцијали за масовен и алтернативен туризам на Шар Планина“

53

Како да се привлечат што повеќе луѓе и посетели на Шар Планина со цел таму да се одржуваат семинари, обуки и тренинзи во форма на алтернативен туризам. Ова е целта на дводневната конференција „Потенцијали за масовен и алтернативен туризам на Шар Планина“ која во Тетово ја организира Центарот за странски јазици и подготвителни курсеви и обуки „Флуент. Целта е да се да се даде поттик за развој на алтернативниот туризам во Шар Планина и да се подигне свеста дека има доволен потенцијал за развојoт на локалниот туризам, порачаа организаторите.

-Ја организираме оваа конференција затоа што сакаме да ја стимулираме и неформален туризамво форма на семинари на отворено, излегување надвор од канцеларии со локални и меѓународни експерти. Мислам дека конференцијата организирана од „Флуент“, е прва од ваков вид и сето тоа во функција не само на развојот на туризмот, туку и во функција на едукација и обука бидејќи на Шар Планина има услови за програми и обуки од едукативен карактер со учесници на локални и меѓународни експертиистакна Берат Азизи, координаторот на оваа конференција.

Претставниците на туристичките агенции ја истакнаа потребата од унапредување на туризмот преку видот на конференции од овој формат и соработката со клучните туристички актери.

а Шар Планина има многу поубави места од швајцарските Алпи, но ние треба да ги охрабриме не само младите, туку и жителите на областа на планините шо повеќе да го промовираат туризмот и да ја направат Шар Планина привлечно место и за странските туристи, изјави Садик Абдурахими.

Покрај сите активности организирани досега и во блиска иднина, зошто да не организираме нешто едукативно и корисно за сите нас, рече координаторот на конференцијата „Потенцијали за масовен и алтернативен туризам во Шар Планина“ , организиран од центарот за странски јазици, подготвителни курсеви и обуки „Флуент“.

Инаку, Центарот Флуент“ предвидува во блиска иднина да се спроведат обуки, соодветно развојот и неформалното образование на отворено, како семинари во формат за кампување.