Континуирано се работи на подобрување на електроенергетската мрежа

31

Општина Илинден соопшти дека во соработка со ЕВН,  континуирано работи на подобрување на електроенергетската мрежа и напојување.

-Со осовременувањето на електроенергетската мрежа и инфраструктура за дистрибуција се добива квалитетен и стабилен напон на електричната енергија на територијата на целата општина, што е од исклучително значење за развојот на општината и квалитетот на живеење на граѓаните – се наведува во соопштението на општинските власти.

Во моментот се работи во населено место Кадино, а од Општината потенцираат дека сите овие зафати овозможуваат поквалитетно снабдување со електрична енергија како на домаќинствата, така и на стопанството во општина Илинден.