Конте стои на тенок мраз

39

Близок извор до таборот на италијанскиот калчо гигант Интер откри дека клупските челници ја разгледуваат и опцијата да стават крај на соработката со шефот на стручниот штаб, Антонио Конте. Иако потроши астрономна парична сума за време на летниот преоден рок, Конте не состави тим кој ќе може да му парира на Јувентус во борбата за шампионската титула. Интер моментално е четвртопласиран, а во игра за тренерската функција на „Џузепе Меаца“ е поранешниот тренер на Јуве и Милан, Масимилијано Алегри.