Конте со крокодилски солзи после поразот од Барса

73

Тренерот на Интер, Антонио Конте, по поразот од Барселона во 2. коло од Лигата на шампионите (1:2), истакна дека неговиот тим заслужила повеќе.

  • Мислам дека заслужуваме повеќе. Во поголемиот дел од натпреварот и содававме проблеми на Барселона. Во второто полувреме нашите фудбалери малку се уморија, бидејќи имаат неколку натпревари во кус период. Но, убеден сум дека сепак заслуживме повеќе од пораз. Тешко ми е да најдам позитивни моменти по поразите, затоа што многу сум загрижен за неуспесите. Еден добар тим никогаш не се враќа дома радосен по загубен меч, дури и по така одлично издание, изјави Конте.

Интер е во незавидна положба во Ф-групата од ЛШ и по две кола има само еден бод.