Конте се одлучи за Санчез

79

Предводникот на италијанскиот калчо гигант Интер, Антонио Конте, испрати јасна порака до клупските челници дека сака и во новата клупска сезона на располагање да ги има услугите на чилеанскиот интернационалец, Алексис Санчез. Крилниот напаѓач е во сопственост на англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед, но актуелната сезона ја одработува како позајмен играч на „Џузепе Меаца“. Санчез е проценет на 20 мил. евра, но проблем е неговата неделна плата од 400.000 евра.