Англиската Премиер лига ја објави листата на претенденти за наградата најдобар тренер во септември.
Кандидати за наградата се: Антонио Конте од Тотенхем, Гери О’Нил од Бурнемаут и Ерик тен Хег од Манчестер јунајтед, објави официјалниот сајт на Премиер лигата.
Гласањето ќе трае до 26 септември. Победникот ќе биде одреден врз основа на изборот на навивачите и мислењето на стручната комисија.