Конте лобира за Баили

72

Предводникот на италијанскиот калчо гигант Интер, Антонио Конте, побара од клупските челници да испратат официјална понуда за централниот дефанзивец од редовите на англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед, Ерик Баили. Репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска нема статус на стандарден првотимец и затоа во игра е и опцијата за промена на клупската средина. Конте е убеден дека се потребни околу 15 мил. фунти за да се осигураат неговите услуги.