„Договорете ми реванш против Хабиб Нурмагомедов во Моксва, порача ирскиот УФЦ борец, Конор Мекгрегор, веднаш по победата на Дагестанецот Хабиб Нурмагомедов против Дастин Поире.

Минатата година Хабиб го победи и Конор, кој после тоа веќе не влезе во октагонот. Сега ирскиот борец сака реванш. Првиот човек на УФЦ, Дан Вајт, изјави дека Конор ќе се бори само со Хабиб доколку Тони Фергусон одбие да се бори против непоразениот Нурмагомедов.

Еден од најдобрите борци во лесна категорија, Џастин Гатеје, на оваа порака на Мекгрегор бурно реагираше.

  • Смешен си, веќе изгуби сè што имаше. Покрај тоа, ти си го*но од човек, ужасен татко и сопруг. Е*и се! , изјави Гатеje, кој наредниот викенд ќе се бори против Доналд Серон.