Конкурсот за кревет во студентските домови продолжен до 25 август

161

Министерството за образование и наука информира дека рокот за аплицирање за сместување во студентски дом за студентите од втора и повисоките години на студии кој заврши вчера е продолжен за 7 дена.

– Согласно измените на конкурсот, електронското аплицирање и поднесување на потребните документи од страна на студентите од втора и повисоките години на студии ќе трае до 25 август 2020 година, додека конечните списоци со примени кандидати ќе бидат објавени на 7 септември 2020 година на огласните табли во студентските домови и на веб страницата на МОН – информираат од МОН.

Студентите кои аплицираат за студентските домови „Стив Наумов“, „Гоце Делчев“ и „Кузман Ј. Питу“, документите за аплицирање во овие домови ги поднесуваат во домот „Кузман Ј. Питу“, таму има три шалтери поделени за секој дом посебно.

Тимовите на здруженијата Културно Ехо и Ситископ периодов работеа на анкетен прашалник кој има за цел да ги сумира размислувањата на младите од 18 до 35 години и нивните потреби во однос на градот, идејата за студентски град во Скопје, како и можностите за пренамена на напуштен објект за таа цел.

Оттаму ги повикуваат студентите да ја пополнат споделат или препорачаат анкетата која ќе трае се до 1 септември.

(С.Бл.)