Конкуренцијата во Премиер лигата сега е многу поголема отколку во мое време

16

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскер зборуваше за нивото на конкуренција во англискиот шампионат.

  • Сега конкуренцијата во Премиер лигата е многу поголема отколку во мое време. Сега од 3 до 5 екипи се борат за првите две места на табелата. Во изминатите неколку години овие позиции ги имаа истите тимови. Добро е што оваа сезона успеавме да ја смениме ситуацијата, го цитира „Гол“ Солскјер.

Вечер од 20 часот, Манчестер Јунајтед ќе игра против Фулам во натпреварот од 37. коло во Премиер лигата. Манчестер јунајтед по 36 кола го зазема второто место во поредокот со освоени 70 бода.