Коне желба на „Олд Трафорд“

124

Близок извор до таборот на најтрофејниот клуб во Премиер лигата, Манчестер Јунајтед, откри дека клупските челници со големо внимание го следат напредокот на стандардниот првотимец во дресот на германскиот бундеслигаш Борусија од Менхенгладбах, Ману Коне. Благодарение на одличните игри во актуелната сезона францускиот интернационалец го привлече вниманието на раководните лица на Јунајтед кои ќе мора да понудат најмалку 30 мил. евра за неговото обештетување.