Агенцијата за млади и спорт (АМС) и Олимпискиот Комитет на Северна Македонија (ОКСМ), со претставниците на спортските федерации конечно го потпишаа меморандумот за автономија и независност, документ кој се покажа како сериозен проблем во последниот период после неколкуте писма од ИОК за регулирање на спортското законодавство.

Меморандумот за автономија и независност беше обврска уште од поодамна, но откако се појави голем проблем во ИОК, беше потпишан меѓу АМС, ОКСМ и националните федерации.

-Ова е документ на Обединетите нации и коавтор на Интернационалниот Олимписки комитет за независност за спортот. Нема причина зошто да не го усвоиме, а сè со една цел да ја зголемиме независноста на спорот. Ова е извонредно важно за сите, рече првиот човек на ОКСМ, Васил Тупурковски.

Фото: П. Стојановски