Конечно објавен тендерот за субвенционирана „зелена нафтата“

69
1Z0W650BKA0086709, 1Z0622RXEA0037044

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој вчера на електронскиот систем за јавни набавки на Бирото за јавни набавки го објави тендерот за набавка на гориво за земјоделска механизација.

Оваа мерка се воведува првпат на барање на земјоделците, за што во Програмата за директни плаќања се предвидени 200 милиони денари, а ќе бидат опфатени околу 55.000 земјоделци. Со оваа мерка, драстично ќе им се намалат производните трошоци на земјоделците, со што ќе имаат порентабилно производство и поголеми приходи, а домашните земјоделски производи ќе станат поконкурентни на пазарот.

Оваа јавна набавка, соопштија од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, е во согласност со планот за јавни набавки на Платежната агенција и по Програмата за финансиска поддршка во земјоделството. Претходно, согласно со процедурите, се подвлекува, е објавен техничкиот дијалог на кој сите заинтересирани компании имаа можност да ја разгледаат тендерската документација и да дадат забелешки доколку имаат.

– Право на учество имаат сите странски и домашни правни или физички лица или група такви лица – понудувач, кои се регистрирани за вршење на дејноста поврзана со предметот на договорот. За носител на набавката ќе биде избран оној економски оператор чија понуда претходно е оценета како прифатлива. Рангирањето на понудувачите ќе се врши според висината на понудените цени, стои во соопштението.

Со оваа јавна набавка Платежната агенција овозможува кофинансирање на 30 отсто од трошоците за набавка на гориво за земјоделска механизација. Во согласност со изработената методологија, висината на поддршката по корисник е утврдена во зависност од големината на површината и типот на земјоделски култури што ги одгледуваат.

Онаа компанија што ќе го добие тендерот, се посочува во соопштението од МЗШВ, ќе треба да ги отпечати платежните картички, потоа да ги достави до Платежната агенција што преку Подрачните единици ќе ги доделува на земјоделците.
Платежните картици ќе бидат со определeн износ врз основа на големината на површините и земјоделските култури за кои конкурирале земјоделците за субвенции во 2018 година. Со утврдениот износ, земјоделците ќе можат да купат исклучиво „Еуродизел“ гориво за земјоделска механизација. Картичката ќе може да се користи повеќекратно се до исцрпување на нејзината вредност.