Младиот германски тенисер, Александар Зверев, призна дека во последните неколку месеци имал приватни проблеми, но додаде дека сега е целосно подготвен за предизвиците кои следуваат на теренот. Тој сезонава не може да се пофали со добри резултати, бидејќи на мастерсите најмногу се пласираше до третото коло, на турнирите во Маракеш и Барселона беше елиминиран во второто коло, а не ја одбрани ниту титулата во Минхен.

Како што наведува, главна причина за лошите резултати е тоа што неговиот татко бил во болница, а воедно раскинал и со својата девојка.

-Се соочував со некои необични ситуации, но сега се враќам во нормала. Конечно можам да се фокусирам на тенис. Имам 22 години и до сега размислував само на игра. Во последните пет месеци морав да се занимавам и со некои други работи, кои постојано ми беа во мисли во текот на тренинзите. Не знаев како да реагирам на сето тоа. Добро е што ми се случи тоа сега, имав можност да стекнам ново искуство. Сега можам да бидам смирен и да не мислам на адвокатите, менаџерите…, истакна Зверев.

Наредниот турнир на кој ќе учествува е мастерсот во Мадрид на кој ја брани титулата.