Конечна одлука на Стерлинг

117

Крилниот напаѓач на актуелниот шампион на Англија, Манчестер Сити, Рахим Стерлинг, стави крај на сите дилеми кога е во прашање неговата клупска иднина. Пред неколку дена Сити доби драконска казна од УЕФА поради непочитување на Финансискиот фер-плеј.

„Граѓаните“ ќе немаат право да играат во Лигата на шампиони во следните две сезони, но и покрај шпекулациите на англиските медиуми дека ќе си замине од „Итихат“, Стерлинг откри дека не планира да ја промени клупската средина ова лето.