Комуналците го исчистија булеварот „Гоце Делчев“ во Струмица

85

Екипи на ЈПКД „Комуналец“ го исчистија и го собраа сметот и ѓубрето од булеварот „Гоце Делчев“ во Струмица, преку кој се влегува во градот од македонско-бугарската граница.

Покрај оваа главна сообраќајница, изминативе денови продолжува акцијата на генерално чистење на булеварите и останатите сообраќајници.

Улиците тековно секојдневно се чистат, а од ЈПКД „Комуналец“ апелираат до граѓаните да внимаваат и да не фрлат отпадоци.