„Комуналец“ бесплатно ќе дели канти за отпад

183

Јавното комунално претпријатие од Гевгелија денеска од сопствени средства набави 550 пластични канти за комунален отпад со зафатнина од 120 литри, кои бесплатно ќе им бидат поделени на физички лица корисници на услуги.

-Кантите ќе почнат да се делат на корисниците откако ќе ги ажурираме корисничките матични податоци и откако ќе потпишат 10 годишен договор за користење за која цел треба да дојдат во дирекцијата на претпријатието, поточно во одделението за комерција, посочија од „Комуналец“.

Со пластичните канти од првиот контингент ќе бидат задоволени потребите на граѓаните од десетина улици во градот Гевгелија, а потребите на останатите, појаснија комуналците, ќе бидат задоволени со новите набавки на пластични канти во текот на наредната 2020 година.

Од „Комуналец“ соопштија дека на граѓаните им нудат уште една бесплатна услуга за изнесување на кабаст отпад. За таа цел комуналците обезбедуваат камион, а граѓаните на Гевгелија треба да се јават и да ја соопштат локацијата каде треба да се упати екипата на „Комуналец“.