Компресор за дезинфекција и инвалидски колички за Дневниот центар за лица со церебрална парализа Капиштец

41

Амбасадорот на Суверениот Воен Ред на Малта во Република Северна Македонија, Франческо Саверио Џуисти денеска донираше компресор за дезинфекција и три инвалидски колички на Дневниот центар за лица со церебрална парализа Капиштец при Меѓуопштинскиот центар за социјална работа на Град Скопје.

Церемонијата за донацијата на апаратот се одржа во просториите на Дневниот Центар за лица со церебрална парализа Капиштец, во присуство на тимот кој работи во центарот.

Оваа донација е по иницијатива на Амбасадата на Суверениот Воен Ред на Малта во Република Северна Македонија.

Според 100 годишната традиција на Редот на Малта во корист на сиромашните и лицата со посебни потреби, Амбасадата на Суверениот Воен Ред на Малта во Скопје најавува спроведување на слични хуманитарни иницијативи во иднина, со цел да се помогне и послужи на најзагрозените лица во земјата.

Оваа донација претставува конкретен и значаен гест на добротворни цели и солидарност, чија цел е поддршка на младите генерации на македонскиот народ кои ја претставуваат иднината на оваа земја.