Печен, варен, пире од комир, или пржен, како најпопуларен меѓу младата генерација – компирот е најзастапената намирници на македонската трпеза. Во многу кујни компирот се подготвува повеќепати неделно, во најразлични рецепти. Овојпат ви предлагаме да подготвите едно предјадење, кое се подготвува брзо, а вкусот му е одличен.

Состојки:

  • 1 кг компири
  • 150 гр крем сирење
  • два страка праз
  • 1 јајце
  • 3 лажици зејтин
  • 3 лажици брашно
  • 1/2 литар млеко
  • 1 лажичка сол
  • оригано, мајчина душица, ким и бибер

Подготвка:

Измијте го компирот и ставете го да се вари половина час. Излупете ги оладените компири и исечете ги на тенки кругови. Исечете еден праз и пржете го во масло 5 минути, а потоа додадете брашно и постепено млеко мешајќи за да не се направат грутчиња. Состо гответе го 10 минути со постојано мешање.

Во сосот ставете го крем сирењето измешано со јајцето, оригано, мајчина душица и ким.

Во огноотпорен сад редете ги круговите компир, посолете и ставете бибер, па потоа сипете од сецканиот праз во сос. Повторете го редоследот додека имате од состојките. Последен ред е сосот. Печете во рерна на 20 минути на 180 степени.

Служете го топло. Пријатен вкус!