Компанија за душеци им нуди на паровите 3.000 долари за секс: Ќе ги тестира производите колку се добри

73
Фото: Sleep Standards

Компанијата Sleep Standards, којашто се занимава со производство на душеци за спиење, сака да ги тестира колку навистина се добри и тоа не само за спиење.

Така, на паровите им понуди 3.000 долари за тестирање, но потребно е да имаат секс на пет различни душеци, а потоа да го изберат најдобриот.

„Секоја недела ќе ви испраќаме нов душек и сè што треба да направите е да ни дадете искрени критики колку е добар тој душек за секс. Така е, може да бидете платени за она што го правите во вашиот секојдневен живот, и ќе добиете пари за секс! “, стои во рекламата на компанијата Sleep Standards.

„Сите знаеме дека лошиот душек може да доведе до проблеми во креветот, а добриот душек може да направи чуда. За да им го заштедиме времето на луѓето за барање удобен душек преку обиди и грешки, го смисливме овој експеримент. Нашата цел е да го најдеме најдобриот душек за секс и ни треба вашата помош! ”, наведуваат во рекламата.

Ќе бидат избрани пет случајни парови кои ќе добијат можност да ги тестираат душеците, а еден од нив ќе може да заработи 3.000 долари.