Комисијата за финансирање и буџет разгледа 19 амандмани, седницата продолжува утре

26

Собраниската комисија за финансирање и буџет денеска разгледа 19 амандмани на ребалансот на Буџетот.

Прифатен е само еден амандман и тоа во видоизменета форма кој се однесува на тоа да се одвојат 2,5 милиони денари за расчистување на индустриската зона во Нерези.

Во текот на денешната расправа не беа прифатени амандманите со кои се бараше да се одвојат 20 милиони денари за средношколците и студентите за да добијат бесплатни билети за меѓуградскиот превоз.

На Предлог-ребалансот на Буџетот поднесени се вкупно 204 амандмани од кои над 170 од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, 28 на Алијанса на Албанците и два на парламентарното мнозинство. Денеска беше шестиот ден од расправата од вкупно десетте согласно Деловникот за работа, а седницата продолжува утре со разгледување на останатите амандмани.