Комисијата во МВР разгледала 77 барања од граѓани за издавање пасоши

38

Комисијата во МВР која со решение на министерот за внатрешни работи Наќе Чулев беше формирана поради ограничениот број обрасци на патни исправи, на вчерашниот прв состанок разгледала вкупно 77 барања од граѓани, за кои по утврдени критериуми ќе одлучува кои се итни и неодложни да бидат процесуирани во итна постапка со цел издавање патни исправи.

Од МВР информираат дека барањата за издавање патни исправи, поткрепени со соодветна документација, треба да бидат доставени до подрачните единици на Одделот за граѓански работи, со назнака дека се работи за ИТНИ барања за патни исправи кои се во надлежност на комисијата. Барањата неопходно е да содржат телефонски број на лицето-подносител.

Извор:МИА