Комбинацијата на АстраЗенека со Модерна или Новавакс дава силен одговор на антитела

116

Комбинирањето на првата доза на вакцината на АстраЗенека со втора доза на Модерна или Новавакс дава значително повисоки дози на неутрализирачки антитела и Т-клетки во борбата против коронавирусот, во споредба со само две дози на АстраЗенека, покажа најново истражување на Универзитетот Оксфорд.

Истражувањето утврди дека најсилниот клеточен одговор следел по првата доза на АстраЗенека и втора доза со Новавакс.

Универзитетот во Оксфорд го спроведе истражувањето „Com-C“ за да утврди дали комбинирањето вакцини може да донесе големи придобивки за имунолошкиот систем.

-Тоа што сè уште го гледаме е дека има голема флексибилност во распоредот за вакцинација. Доколку сте примиле една доза од одредена вакцина, тоа не значи дека треба да ја примите истата вакцина во втората доза, вели професор Метју Снејп, кој го предводел истражувањето.

Истражувањето, исто така, сугерира дека употребата на Модерна како засилувачка доза кај луѓето кои претходно примале АстраЗенека треба да резултира со повисоки нивоа на антитела и Т-клетки.