„Комбе камиказе” со 52 мигранти проби метална ограда на шпанско-мароканската граница

58

Комбе со 52 мигранти со голема брзина удри и ја проби граничната ограда меѓу Мароко и Шпанија со намера да влезе во шпанската енклава Сеута.

Портпаролот на канцеларијата на Министерството за внатрешни работи во Сеута изјави дека возилото ја пробило метална капија од шпанската страна на границата околу три часот по полноќ по локално време.

Засега не е познато дали е пробиена и бариерата од мароканска страна.

Се работи за мигранти од субсахарските земји, од кои 34 се мажи, 16 жени и две малолетни лица. Четворица мигранти се полесно повредени.
Комбето го управувало марокански државјанин кој бил уапсен.