Командантот на американската војска: Околу 6.000 Вагнеровци се борат во Бахмут

1815
EPA-EFE/JIM LO SCALZO

Приближно 6.000 платеници од групата на Вагнер се борат во градот Бахмут во источна Украина, изјави во средата пред американските пратеници претседателот на Здружениот Генералштаб, генерал Марк Мили.

-Тие во моментов спроведуваат борбени дејствија пред се во Бахмут. Веројатно станува збор за 6.000 вистински платеници и можеби уште 20.000 или 30.000 регрути што ги добиваат, од кои многу доаѓаат од затвори, изјави Мили пред Комитетот за вооружени служби на Претставничкиот дом заедно со американскиот секретар за одбрана Лојд Остин. „И тие трпат огромен број жртви во областа Бахмут; Украинците им предизвикуваат многу смрт и уништување на овие момци“.

Евгениј Пригожин, шефот на руската приватна воена компанија, во аудио порака претходно во средата рече дека битката за градот „веќе практично ја уништила украинската армија“, но додаде дека Вагнер исто така бил „прилично претепан“.

Мили им се обрати и на руските сојузници: Кина, Русија и Иран „се приближуваат“ и ќе бидат постојан проблем во наредните години, рече Мили.

Тој рече дека е загрижен за „секаква кохерентност и кохезија меѓу Русија и Кина“ и дека двете земји „се приближуваат“.

Мили им се обрати и на руските сојузници: Кина, Русија и Иран „се приближуваат“ и ќе бидат постојан проблем во наредните години, рече Мили.

Тој рече дека е загрижен за „секаква кохерентност и кохезија меѓу Русија и Кина“ и дека двете земји „се приближуваат“.

– Не би го нарекол вистински целосен сојуз во вистинска смисла на зборот, но гледаме дека [Русија и Кина] се приближуваат, а тоа е проблематично, рече Мили. – А потоа, ако на тоа се додаде Иран… Мислам дека тие три земји заедно ќе бидат проблематични уште многу години, особено Русија и Кина поради нивните можности.

Минатата недела кинескиот лидер Си Џинпинг се сретна со рускиот претседател Владимир Путин во Москва. Кина постојано се обидуваше да се прикаже себеси како амбициозен мировен посредник во последниве недели, повторувајќи ги своите повици за прекин на огнот и мировни разговори во нејасно формулиран позициски документ објавен минатиот месец. Западните земји гледаат на намерите на Пекинг со длабоко сомневање, а шефот на НАТО рече дека Алијансата видела „некои знаци“ дека Русија врши притисок врз Кина да обезбеди воена (смртоносна) помош.