КОЛУМНА, ПЕТАР БОГОЈЕСКИ: Македонски наспроти четнички концепт

1475

Нели сите имаме чувство на постојан пораз? Нели цело време зборуваме за тоа како ние Македонците сме онеправдани? Дали тоа Ве загрижува? Дали барем за момент сте се запрашале зошто е тоа така? Зошто секогаш победата изгледа пораз, а поразот победа? Зошто за нас е луксуз да констатираме победа? А привилегија секогаш да „уживаме“ во порази? Тоа е така, драги мои Македонци, зашто ние немаме полна самостојност, зошто ние не живееме во нашите животи, зошто ние не ја живееме македонската вистина, зошто ние не ја делиме македонската судбина, зошто ние не врвиме по својот, македонски пат… туку сме киднапирани, служиме на туѓи интереси… на туѓа кауза… ќе повторам по стоти пат, за туѓи бели дворови, си копаме црни, македонски гробови! Во ова кратко четиво, ќе се обидам да го објаснам најтешкото… да ја одгатнам загатката… да ја соопштам вистината.

Македонија, како државен субјект, е конституирана на дел од македонската територија. Но и како општество сме конституирани, насочени, воспитани, да служиме на белиот двор од старата престолнина. Живееме во „креирана вистина“ по туѓ терк. По туѓа мерка. За туѓ интерес. Тоа е толку едноставно… мора сите други да ни бидат непријатели само белиот двор да ни биде пријател. И тоа е така повеќе од еден век. Ние тој менталитет го вдомивме. Го прифативме за свој. Туѓото го прифаќаме за македонско, а македонското за туѓо. Караџиќ за џин, а Шапкарев за оризово зрно. Тоа е така, зашто се соблазнивме со џелатот. Станавме уживатели на дрогата наречена „Начертание“, на исклучително паметниот Гарашанин. Таа дрога беше создадена за да не отуѓи од себеси, од своето, од македонското. После еден век консумирање, и тоа активно дрогирање, ние западнавме во длабоки халуцинации… ние македонското го перципираме за туѓо и непријателско, а туѓото за свое и пријателско. Во моментов сме очајни наркомани. Страдаме од стокхолмски синдром… се идентификуваме со џелатот. „Патриот“ е оној кој плука по Македонија, МПЦ, клети шиптари, червени татари… но затоа пак, свадбата на Цеца ја има гледано преку триесет пати. Тука не е пробиено дното. Тука веќе нема лек. Тука веќе нема потреба да дејствува српската политика, во свој интерес секако. Ние самите си тераме по нивно. Јас само можам да ѝ честитам на Република Србија.

Помина времето на србизацијата и отпорот… времето на војните и Југославија… и стара и нова… но дојде време невреме… време кога Македонците уживаме самите себеси да се асимилираме… тоа го немаше ниту за време на Титова Југославија. Денес сме западнати во очај. Но зошто? Што се случува? Зошто кога имаме „независна“ држава наместо да се помакедончиме, ние се асимилираме? Што не тера на тоа? Тоа се драги мои, т.н. политички партии, кои се создадени од еден ист центар, да служат само и само на „белиот двор“. Тие партии носат различни имиња, една да глуми левица, друга да глуми десница, трета трето… но во суштина се едно исто, служители на „белиот двор“. Ќе речите добро за „комуњарите“ знаеме дека е така. Но екипата на Мицкоски, нема шанси! Тоа е нели македонската национална опција?!? Е, драги мои, тука лежи зајакот. Токму таа екипа на Мицкоски е создадена од верни служители, токму таа наша „македонска“ екипа е „Гарашининова“ творба, токму таа дружина е перјаник на „четничкиот концепт“ за Македонија. И ќе повторам, Србите си се борат за своите српски интереси. И тука нема ништо спорно. Им честитам! Си се борат за своето. Но оплакувам врз судбата на македонЧето, кое е дрогирано… намерно оставено неписмено… намерно смотано… намерно зачмаено… намерно поткошнато… намерно подбуцкано… да си плука самото на себе. Како што Србите од Србија, имаат право да се борат за нивниот „четнички концепт“, така ние Македонците имаме право да се бориме за нашиот Македонски концепт. И тоа го правиме. Прво во битката ни е да го извадиме на виделина македонЧето што им служи на туѓите концепти. На четничкиот концепт. Зашто само така ќе успее Македонскиот концепт.

Во минатото, голем дел од четниците во „десницата“ се прикриваа зад македонските бои, не сакаа да се изложат пред јавноста и да соопштат дека се всушност служители на белиот двор. Но денес, екипата на Мицкоски веќе не се сокрива. Не се сокрива дека го спроведуваат четничкиот концепт. Дека имаат задача, Гарашининовата визија да ја преточат во дело. И дека на тоа посветено работат. Тоа е многу почесно од претходниците. Барем се отворени. Отворено повикаа на укинување на македонската држава, нејзино спојување со Србија, врз основа на вториот дел од прашањето од референдумот во 1991 година…

МПЦ ја нарекоа неуспешен комунистички проект кој треба да се укине… СПЦ да ја прифатиме за наша Црква… отворено се залагаат за нарушување на безбедноста на земјата под бајракот на „борбата за Македонија“ против клетите шиптари… тука татарите се декорација… отворено се повикаа на „историската вистина“ дека сме грчки исцедок… православното сесловенско единство е во приоритетите… се обидоа и сè уште се обидуваат по секоја цена да спречат влез на земјата во НАТО… секако на дневна база бојкотираат европски педери… повикаа на се, само не на заштита на македонските национални интереси.

Погоре Ви напоменав дека четничкиот концепт се темели на стратегијата, на нас Македонците постојано да ни создава „непријатели“. Така беше и со режираниот спор за името, уште на почетокот на нашето осамостојување. Намерно се создаде проблем со знамето и името, за да не ни успее државноста. Да не успее осамостојувањето. Да пропадне независноста на Македонија, но за тоа да бидат криви сите, само не белиот двор. Секако дека соседна Грција тука беше солидарна со Србија и целеше да го спречи тој процес на создавање на независна македонска Република. Кој тоа внатре во Македонија им помагаше? Кој промовираше антиквизација… кој инсистираше на морковите од Вергина… кој плукаше на темелите на ВМРО… на Идејата на Организацијата… кој го мутираше карактерот на македонската револуција и преродба? Е токму тој драги мои, беше душманот на Македонија! А истиот тој и ден денес го восприемате за некаков си патриот. Која хипокризија. Буквално предавникот, го славите за херој, а хероите ги прогласувате за предавници. Зошто е тоа така? Затоа што така Ви кажуваат газдите од горе. Не сакате да слушнете домашни аргументи, Ви треба амин од горе.

Што има пак сега ова со денешнината или зошто бојкот? Па посветено работат на новата задача, а тоа е влегување на Македонија во европските структури заедно или после Србија, што означува повторно четничка контрола врз политиката, историјата, духовноста во нашата Македонија. Во ред, тоа и одговара на Србија, но дали тоа и одговара на Македонија? Се запрашал ли некој? Што воопшто и одговара на Македонија? Каде е тука Македонскиот концепт? Дали упорно „патриотите“ инсистираат Македонија да биде на маса на косовското решение? Зошто тоа го прават така? Кој инсистира на распаѓање на Македонија по етничка линија со македонските Албанци? Дали е тоа четничкиот концепт? И повторно, каде е тука Македонскиот концепт?

Македонскиот концепт е спротивен од четничкиот на Мицкоски и оној на Заев, кој го реши спорот со Грција, но бегајќи од историската вистина за ВМРО, го изгубивме името! Во догмата на ВМРО, во македонската кауза, стоеше спасот за името Македонија. Тоа е Македонски концепт, тоа е македонската кауза. Редно е вистинските вмровци, вистинските Македонци, ова да го препознаат и да застанат на страната на македонските национални интереси. Не се ВМРО извршителите Латас, Мирка, Каракамишева, Стоилковиќ… ВМРО е Македонија… ВМРО е Македонски, а не четнички концепт!

(авторот е докторанд на УКИМ Скопје и промотор на “Македонски концепт“)

(Редакцијата се оградува од ставовите на авторите изразени во колумните)