Пред да почнете да драмите, на старт да појаснам, лажен Бугарин + удбаш = бугараш. Тоа е српски термин и совршен за употреба. Србите им нашле совршен назив на нивните момоци. Сега можеме да продолжиме со суштината. Во овој момент вклучени се сите ресурси на бугарашкиот концепт, со цел да го спречат, да не успее Македонскиот концепт. За среќа, бугарашките ресурси се толку оскудни, користат по некоја будалетинка со сериозна криза на национален или сексуален идентитет, што не може ниту да гребнат по површината на Македонски концепт. Во што е разликата помеѓу двата концепта? Македонскиот концепт се залага за полна демократизација на македонското општество, пропратено со објективизација и деидеологизација на историјата, само и само како наш, внатрешен, македонски процес. Исто како што ВМРО била наша, внатрешна македонска организација. Додека пак, бугарашкиот концепт инсистира на т.н. „ребугаризација на Македонија“, што им е нарачка однадвор, со цел да го држат во живот македонско-бугарскиот конфликт.

Никогаш ние Македонците да не стекнеме доверба во пријателска Бугарија. Секогаш се тука тие вредни бугарашки оси, да фрлат отров на нормалните процеси. Така најмногу „печалат“ нивните странски газди, а најголема загуба имаат вистинските македонски Бугари, кои остануваат на маргините на македонското општество, да живеат во полна изолација и сиромаштија, исклучени од општествените текови. Тоа е така веќе со децении. Затоа Македонскиот концепт ќе го потамани бугарашкиот, еднаш за секогаш!

Што беше нашата надеж? Сите мислевме дека европска Бугарија се унапредила, се европеизирала и со тоа ќе воведе европски принципи за решавање на македонското прашање. Често бевме збунети, зашто од Бугарија тука во Македонија ни доаѓаа разноразни мешетари, со дијаметрално спротивни ставови. Предизвикуваа само збунетост. Сè до оној ден кога Собранието на Република Бугарија ја донесе т.н. рамковна позиција по Македонија. Сега барем знаеме на што сме. А што знаеме? Знаеме дека Бугарија воопшто не се европеизирала по македонското прашање, а рамковната позиција е всушност само возобновување на „живковизмот“. И тоа е чесно! Барем си знаеме дека си имаме работа со „Тодор Живков“. Со таа рамковна позиција де факто се суспендира историскиот „Илинденски договор“ помеѓу Република Македонија и Република Бугарија. И со тоа Бугарија, делови од нивните првенци, застануваат во поткрепа на сосема погрешниот бугарашки концепт. Ќе ребугаризирале Македонци?!? Во ред, терајте! Но ние, силните поддржувачи на европеизацијата на Балканот, изгубивме верба во Вас. И тоа да си го знаете. Повторно доверба во Вас, веројатно никогаш во овој живот. Огромен дел од бугарското општество се спротивстави на новата „живковизација“ на Бугарија, а со тоа процесите добија и надеж за во иднина.

Што е иднината? Иднината е во ставовите на Македонски концепт, за длабока европеизација, демократизација и деидеологизација на македонското општество, како резултат на што, сите работи ќе си дојдат на свое место по природен пат. Македонските Бугари се македонски патриоти, тие ќе се приклучат на наша македонска страна, во борбата со надворешно наметнатиот бугарашки концепт. Ние силно ќе ги отвориме вратите за нив во македонското општество, исто како за македонските Албанци, македонските Турци, македонските Бошњаци, македонските Власи, македонските Срби и т.н. Исто како за сите, така и за македонските Бугари. Завршена работа.

Така се гради државен патриотизам, кој стои во срцето на Македонски концепт. Не може Македонија да биде целосна, без да стане мајка на сите нејзини чеда. Оваа наша заложба, нема шанси да ја спречат неколкутемина будалетинки. Една сексуално изгубена група од Скопје, неколкумина низ Македонија и по некој т.н. новинар – бугараш. Сè тоа ќе испратиме на историското буниште. Тоа јас Ви го гарантирам „исполнители бугараши“! Никогаш нема да го победите Македонскиот концепт, па ни тогаш!  

Што е историската грешка на бугарашкиот концепт и зошто секогаш губи од четничкиот и андартскиот концепт? Тоа е нивната вечна борба против македонизмот. Сè додека бугарашите не го прифатат македонизмот за постоечки и природен процес, како резултат на македонскиот сепаратизам, поради „бугарската ароганција“ кон нас Македонците, која постои до ден-денес, сè дотогаш ќе губат. Четничите и андардите беа паметни. Во македонизмот препознаа шанса, можност за борба против Македонија. И така тие си го киднапираа тој македонизам, си го засилија со антиквизација, и сега тоа е најсилното нивно оружје. Е тука нема да молчи Македонскиот концепт. Нема да дозволиме македонската кауза да остане киднапирана и злоупотребувана во иднина. Било што било, поминало. Да си простиме минатото, за да ја изградиме иднината. Ние не сме како овие будалетинки од бугарашки концепт, па да бидеме „подисполнители“. Ние Македонците ќе бидеме главни изведувачи! Тоа е таа иднина. Сите граѓани на македонската Република сме Македонци и нема да дозволиме да спроведуваме туѓи агенди. Нема да дозволиме бандити, облечени во патриотска наметка, да продолжат да го пљачкосуваат нашиот напатен народ.

Зошто е судено ние од Македонски концепт да ги поразиме овие од бугарашкиот? Затоа што ние сме свои на своето во нашата Македонија. Каменот си тежи на своето место. А овие бугарашите се туѓо тело, вирус, вештачка творба, која нема да може да продолжи да вирее во оној момент кога ќе го унапредиме македонскиот одбранбен систем. Во оној момент кога ќе изградиме автентичен имунитет, овој бугарашкиот вирус ќе исчезне како кивавица. Природата сама ќе си ги донесе работите на свое природно место. Историската правда ќе си дојде. Ништо не може да ја спречи. Најмалку овие бугарашки дејци. Затоа уште еднаш ќе извикам, во духот на Организацијата, Македонија на Македонците во обединета Европа. Тоа е Македонски концепт!

(авторот е докторанд на УКИМ Скопје и промотор на “Македонски концепт“)

(Редакцијата се оградува од ставовите на авторите изразени во колумните)