КОЛУМНА, ПЕТАР БОГОЈЕСКИ: Добро, во ред!

355

Европскиот континент е познат по тоа што „сите си ги мерат“… достигнувањата де! И во граници на онаа Гоцевата „светот и културниот натпревар помеѓу народите“, по наше барање, Париз се одлучи да си го мери со нас. Кој ни е крив? Нашиот Гоце така кажал, а плус ние поднесовме барање за членство во Европската Унија. Не поднесе Париз барање кај нас. А бидејќи самата Европска Унија е создадена на принципот да се престане веќе еднаш со праксата на мерење помеѓу европските држави, Франција и Германија одамна се одмерија, остана уште да се мерат со нас. Да ни покажат колку се големи и силни и да нè потсетат колку сме ние мали и немоќни. Па така Париз се реши на тој чекор. Добро, во ред!

Очигледно живееме во две вистини. Едната е вистината на господин Тимоние, францускиот амбасадор во МК, другата е онаа на господата Заев и Димитров! Дијаметрално спротивни. И додека овие двајца господа чекаат да биде препознат и признат напредокот на Македонија и саможртвата дадена на олтарот на ЕУ, со повеќе жртвени јагниња, меѓу кои и едно златно јагне наречено името Македонија, господинот амбасадор, пак, обратно, во очекување овие господа да разберат дека на ЕУ не ѝ дошло до нашите жртви, олтарот на жртвите и сожалувањата одамна го затвориле, не работи, туку очекува Македонија да ги препознае сопствените слабости. А тоа не се малку. Тоа се многу… нефункционален политички систем, длабока економска криза, слаби институционални капацитети… до онаа криминал и корупција, владеење на правото и многу, многу други. Буквално две вистини. Зошто вистини? Па зашто и македонската саможртва е вистина, и македонските слабости се вистина!

Во ред, постои француското прашање за Македонија и точка! Доста го ставаме под тепих. Смешно е! Ние тураме под тепих, тоа толку смрди, што само од себе излегува пак на виделина. Така ни се случи до датумов во 2018-та, па во 2019-та, па… сè додека работите ги ставаме под тепих, ќе смрди. Е, ќе смрди!

И тука веднаш од внатре излегува она македонското… она ситното… она поганото… а што, другите европски држави да не се поарни, да не немаат корупција… до она најниското, што, Бугарија поарна да не е од нас?!? И така Македончето си легнува, гордо на себе, остварено, задоволно… паѓа во длабок сон на омраза. Сè му изнарече на оној лошиот чичко Тимоние. Нека пукне сега. Овие моиве од ВМРО ДПМНЕ удрија гајдата и тапанот на општо славје, дека работава не ја бидува со ЕУ… Тимоние преку ноќ од државен непријател и соросоид стана херој… очигледно заборавија дека поради вакви изјави за нашата Влада… онаа де, на Груевски… амбасадорите ги прогласувавме за непријатели и платеници. А пак другиве од СДСМ, како да заборавија дека на власт дојдоа токму поради вакви амбасадорски изјави, му се нафрлија на човекот, со сè го изнаредија. Од она подоле го сторија. Ту… ту… арно ви беше кога истите тие амбасадори истото го зборуваа за Грујо?!? А сега боли? Не чини нешто? Ах бре Македонче… ах… за каде се спремаш? И ти не знаеш.

Во ред, постои француското прашање за Македонија и точка! Доста го ставаме под тепих. Смешно е! Ние тураме под тепих, тоа толку смрди, што само од себе излегува пак на виделина. Така ни се случи до датумов во 2018-та, па во 2019-та, па… сè додека работите ги ставаме под тепих, ќе смрди. Е, ќе смрди! Имавме грчко прашање, бугарско прашање, српско прашање, московско прашање… и сите тие таман помислиш дека се затворени, ете ги повторно на виделина. Тоа пусто минато, таа пуста европска желба да си ги мериме, мириса корне. Истото со француското прашање, тука е! Добро, во ред! Го видовме и ајде да го решаваме. Господине амбасадоре Тимоние, се слушаме ли?!? Добро, во ред! Разбравме, Париз е фактор во ЕУ… добро, добро, разбравме, Париз е сила за нас… во ред, научивме, згрешивме што Ве занемаривме и подзаборавивме. Ви ја повредивме париската гордост, француското достоинство… во ред, научена лекција!

Очигледно добро ни оди само со московското прашање. Ама знаете зошто?!? Па тука се пријателите загрижени, а секаде каде се они вклучени, нам добро ни оди. Значи дека московското прашање ќе биде решено во наша полза, со асистенција на едни пријатели од „преку Барата“ и Македонија ќе биде членка на НАТО! Грчкото прашање стана возможно, зашто пак тие истите пријатели се вклучија. Додуша, уште се активни по темата, па поради тоа прашањето е “под контрола”. Ех… да се повлечеа и од таму, до сега ќе имавме ново вето од братска Елада. Бугарското прашање е досадно како мува… лесно да се смачка и намачка на лепче, ама очигледно некој од горе не сака да биде така. Пријателите по тоа прашање ама ич уво не им чуе, оставија на нас, самите да си го решиме. А ние како секогаш, таму каде нема проблем, таму го најдовме. И пак се мачкаме со балканската кал. Никако, заедно со Бугариве, да излеземе од балканското блато. Ама они се во ЕУ и НАТО. Е добро де, во ред. Волкот го менува влакното, ама умот не. Така и ние сите Балканци. Не во ЕУ, на Марс да нè однесат, ќе си останеме Балканци.

Сега да молиме Бога, нацијата која на нејзината валута, јасно и недвосмислено истакнува дека верува во Бога, да се вклучи во нашево француско прашање. Да де, да… и српското е тука… да, да… во ред. Тоа е едно те исто. Ако нашиве пријатели останат инфериорни и по ова прашање, како по бугарското, не однесе Црна. Не во Солунско Море, не во Вардар, туку ќе останеме за век и веков во Тиквешко Езеро. Добро е што во срцето на ова прашање се албанските интереси, па Албанците по кој знае кој пат, тргнати по својот интерес, од спунт ќе ни помогнат на Македонија и на Македонците.

Метлето на Заев секако дека го разочара Париз. Да, да. Не го охрабри. Не, не. Го познавам јас Тимоние, он е храбар цело време. Не му требаше да ја види метлата на дело, па да се охрабри. Обратно, откако ја виде метлата и нејзините блескави ефекти, длабоко го разочара. Разочарувањето носи лутина. Љубовта ја претвора во лутина. Јавната манифестација на таа француска лутина е само по себе, дипломатска храброст.

Париз сака да ни покаже кој е кој. Дека се уште фраери, дека уште владеат со својот дел од космосот, дека не се минато и дека имаат амбиција повторно да се вратат, не само на европска, туку и на светска сцена. Париз не е за потценување! Не заборавајте, Републиката е токму таму родена, во Париз. Ако сакаме европско-македонска Република, драги мои нема бегање, ќе мораме да добиеме благослов од мајката и таткото на Републиката.

Добро, добро бе, во ред! Доста мававте! Боли!

Заев се определи да си ги зачува старите пријатели. Да си го дотурка овој мандат до 2020 година. Без особена амбиција за после тоа. Ако сака понатаму, во било која форма, вака веќе не може. Помеѓу пријателите и личната кариера, личен рејтинг, тој ги избра пријателите. Ок, јасно, тоа е тој “струмички концепт”. На пример, господин Груевски ќе избереше своето, во замена за нашето. Еве Заев обратно. Ај ќе видиме кој е во право. Метлето на Заев секако дека го разочара Париз. Да, да. Не го охрабри. Не, не. Го познавам јас Тимоние, он е храбар цело време. Не му требаше да ја види метлата на дело, па да се охрабри. Обратно, откако ја виде метлата и нејзините блескави ефекти, длабоко го разочара. Разочарувањето носи лутина. Љубовта ја претвора во лутина. Јавната манифестација на таа француска лутина е само по себе, дипломатска храброст. И доста веќе еднаш бараме задни намери кај Французиве. Да тие ги имаат, тука се, ги знаеме повеќе векови. И пак се на сцена. Да, да… тоа е тоа, тоа е истиот добар стар Париз. Таму уште векови ќе поминат, а Париз ќе си остане Париз. Што правиме сега ние?!? Ќе плукаме по Париз, ќе плачеме по Берлин и по Вашингтон или ќе се качиме на криво магаре и правец Париз?!? Ај магаре ќе најдеме… ај некако ќе кинисаме… ај некако ќе стасаме… ама има ли кој да нè пречека во Париз?!? Има ли кој портите да ни ги отвори?!? Дали тоа ние сме го потценувале и запоставиле Париз низ годините наназад?!? Дали сега токму поради тоа, стариот Париз ни возвраќа со посесивна љубов?!? Да ни покаже дека е жив, на местото каде секогаш бил, а ние сме заборавиле да го уважиме?!? Зар до толку заборавивме на париската романса, на парижанките, на розите и виното, на убавината и спокојот… на револуцијата и отсечените глави… сето тоа на едни те исти улици! А ние пусти Балканци, занесени во “стамболското величие” заборавивме дека патот кон Брисел поминува низ Париз! Да, да… заборавивме!

(авторот е докторанд на УКИМ Скопје и активист во ВМРО-ДПМНЕ)