Колку ќе чини статусот на МПЦ-ОА?

627

Статусот на МПЦ-ОА ќе чини превисока цена, сметаат верските аналитичари. Од тоа дека ќе се тргне името Македонска православна црква до тоа дека Вселенската патријаршија би барала да располага со имотот на епархиите на МПЦ во дијаспората.

Аналитичарот Бранко Ѓорѓевски за Канал5 изјави дека името би се решило по принцип на двојна формула и оти е сосема извесно дека некои црковни обреди би ги правел Цариград.

Она што е засега извесно е дека можеби уште наредниот месец Вартоломеј во Истанбул ќе повика претставници на МПЦ-ОА и на СПЦ и дека претставници од нашата црква сигурно ќе присуствуваат на една таква средба.