Поранешниот светски шампион во бокс во тешка категорија Американецот Мајк Тајсон на 28. ноември ќе велзе повторно во рингот по пауза од 15 години, во борбата против Реј Џонсон.

„Железниот Мајк“ никогаш не изгледал подобро иако има 54. години, а гледачите со купуцање на преносот ќе можат да го видат легендарниот боксер повторно во акција.

Во текот на својата кариера Мајк заработи многу пари. Форбс тврди дека таа сума е околу 700 милиони долари, но она што се знае дека низ неговите раце поминале околу 300 милиони долари.  Толку Тајсон успеал да потроши. Купуваше скапи куши, автомобили, животни, но во 2003 година мораше да прогласи банкрот.

Раскошниот начин наживот го доведе до тоа на државата да и биде должен 23 милиони долари, но и покрај се успеа да се извлече и сега многу паметно ги вложува парите.

Мајк сега тежи околу три милиони долари. Поголемиот дел од заработувачката му доаѓа од неговите плантажи со марихуана во Калифорнија, каде наводно месечно продава марихуана за пола милион долари.

Но во наредниот период сигурно ќе заработи и многу пари од продажбата на ТВ правата за пренос на неговиот повратнички меч, иако вети дека сите пари ќе ги донира во хуманитарни цели.